Достапни линкови

ПАСОК ќе се обиде да фомира владина коалиција


Грчкиот лидер на социјалистите ЕвангелосВенизелос се соочува со обврската да формира владина коалоција еден ден по неуспешниот обид на екстремната левица да состави влада.Лидерот на радикалната грчка левица СИРИЗА Алексис Ципрас објави синоќа дека се откажува од врачениот мандат за состав на грчка влада, откако не успеа да собере мнозинство за формирање на кабинет на левицата, кој се спротивставува на мерките за штедење.Ципрас пред парламентарната група, откако се сретна со лидерите на сите парламентарни партии изјави дека не можеме да го оствари сонот за левоориентирана влада. Денеска тој треба да го врати мандатот, доверен од претседателот и да продолжи да учествува во предвидените уставни процедури.

XS
SM
MD
LG