Достапни линкови

logo-print

Путин ја откажа посетата на Г-8, одложени разговорите со Обама


Белата куќа соопшти дека новоизбраниот руски претседател Владимир Путин ја откажал планираната посета на САД овој месец на економскиот самит, а
со тоа и разговорите со претседателот Барак Обама. Белата куќа објави дека Путин во телефонски разговор му кажал на Обама оти има обврски да ја заврши работата околу формирањето на својот нов кабинет. Во меѓувреме новоизбраниот руски премиер Дмитри Медведев се очекува да учествува на Самитот на Г-8 што треба да се одржи во Мериленд на 18 и 19 мај.
На 20 ти мај во Чикаго пак почнува Самитот на НАТО. Белата куќа соопшти дека Обама и Путин се договориле да се сретнат следниот месец на маргините на друг економски самит.
XS
SM
MD
LG