Достапни линкови

Обама имаше средба со Расмусен спроти НАТО самитот во Чикаго


Американскиот претседател Барак Обама се сретна со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Белата куќа вчера на разговори за самитот на НАТО во Чикаго што треба да се одржи овој месец. Во соопштението од Белата куќа се вели оти Обама и Расмусен се согласиле дека самитот ќе ја реафирмира
согласноста на Алијансата за предавање на безбедноста во надлежност на авганистанските сили до крајот на 2014.
Претставниците на земјите од Алијансата треба да работат на деталите околу нивните повлекувања, на Самитот што треба да се одржи на 20 и 21 мај. Околу 130,000 странски војници, најмногу од земјите членки на НАТО заедно со околу 350 илјади авагнистански безбедносни сили се борат против талибанците и Ал каеда милитантите.
XS
SM
MD
LG