Достапни линкови

Турција нема да го екстрадира ирачкиот потпретседател


Тарик ал Хашеми

Тарик ал Хашеми

Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека неговата земја нема да го екстрадира ирачкиот потпретседател Тарик ал Хашеми, по кого Интерпол има издадено потерница. Хашеми, кој во моментот е во Турција на лекување, избега од Ирак во декември, откако шиитската Влада издаде наредба за негово апсење, што доведе до сегашната политичка криза во Багдад. „ Нема да екстрадираме некого кого Турција уште од самиот почеток го поддржува“ изјави турскиот вицепремиер Боздаг.
XS
SM
MD
LG