Достапни линкови

Иванов и Попоски ги кријат имињата на амбасадорите


Претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во септември, 11 дипломатски претставништва треба да добијат нови шефови. И додека претседателот Иванов и министерот за надворешни работи Попоски ги кријат имињата, медиумите наголемо шпекулираат кој која амбасадорска фотелја ќе ја пополни.

Согласно меѓународните стандарди, забрането е да се истакнува кое било име на дипломат кој ќе ја извршува оваа служба во иднина во кој и да е центар каде што Македонија има свои дипломатски претставништва, изјави и претседателот Ѓорге Иванов одбивајќи да спомене кое било име од новата листа македонски дипломати во странство.
Така да сите имиња можете да ги сметате како шпекулации, можеби како лични најави и амбиции. Ние сакаме, истрајуваме и секојпат министерството за надворешни работи, јас, имињата да не се соопштуваат се додека од земјата кадешто се праќа амбасадорот не се добие позитивен одговор.
Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.
„Така да сите имиња можете да ги сметате како шпекулации, можеби како лични најави и амбиции. Ние сакаме, истрајуваме и секојпат министерството за надворешни работи, јас, имињата да не се соопштуваат се додека од земјата кадешто се праќа амбасадорот не се добие позитивен одговор.“

Пред неколку дена и министерот за надворешни работи, Никола Попоски беше запрашан на оваа тема но одговорот беше сличен, процесот е во тек но имиња не се соопштуваат во оваа фаза.
Македонско министерство за надворешни работи.
Македонско министерство за надворешни работи.

Ваквите изјави следат по се позагреаните шпекулации кои се вртат по медиумите околу тоа кои се имињата на новите амбасадори меѓу кои се наоѓаа и имињата на сегашни и поранешни министри во владата на сегашнава гарнитура како и експерти кои важат за блиски до власта.
Политичката припадност е пресудна, дефинитивно. Амабасадорите треба да бидат професионалци во нивната работа, меѓутоа мислам дека се уште не успаваме овој критериум да го применуваме.
Беким Кадриу, професор.

Во септември, 11 дипломатски претставништва треба да добијат нови шефови, и тоа во Брисел, Лондон, Мадрид, Букурешт, Канбера, Стразбур, Токио, Загреб, Женева, Прага и Талин. Списокот, на кој, според шпекулациите кои засега кружат, се наоѓаат претежно партиски кадри, веќе е поминат на владина седница и тој е испратен до МНР и до претседателот кој треба да даде зелено светло за да може да продолжи процедурата за нивното именување.

Законот за надворешни работи постави обврска дел од амбасадорите да бидат од редот на професионалните дипломати.

„Значи од праксата што досега ја имаме не сум многу оптимист во овој правец. Политичката припадност е пресудна, дефинитивно. Амабасадорите треба да бидат професионалци во нивната работа, меѓутоа мислам дека се уште не успаваме овој критериум да го применуваме“, изјави професорот Беким Кадриу.
XS
SM
MD
LG