Достапни линкови

logo-print

Орав: Во ЕУ само со европски вредности


Секоја земја која што ќе избере да и пристапи на ЕУ мора прво да ги поддржи нејзините вредности - слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права вклучувајќи ги и правата на малцинствата, изјави шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Аиво Орав на свечената академија по повод одбележувањето на 9 Мај. Вашата земја е една од земјите кои што ја избра патеката на европска интеграција; на тој пат потребно е низ општ политички и општествен консензус да успее на реформската патека, дополни амбасадорот. „Рамката е воспоставена. Европската перспектива останува водечка сила за реформата. Сепак, на крајот реформите треба да се преземат од ваша страна во долгорочен интерес на државата и сите граѓани и со ЕУ како партнер“ рече Орав.
XS
SM
MD
LG