Достапни линкови

logo-print

Комуналците штрајкуваат, Струга се дави во ѓубре


Расфрлан смет во Струга.

Расфрлан смет во Струга.

Вработените во струшкото јавно комунално претпријатие бараат да им бидат исплатени 11 заостанати плати од 2009 година до денес. Додека дел од нив штрајкуваат градот почнува да се гуши во смрдеа од сметот кој го има на секој чекор.

Струга почнува да се дави во ѓубре. Неколку дена по ред дел од вработените во јавното претпријатие Комунално кое е надлежно за хигиената во градот не одат на работа барајки да им бидат исплатени 11 заостанати плати од 2009 година до денес.
Има многу вработени кој се под кирија, струјата ни е исклучена, финансиски на нула сме. Без пари сме, на нула сме. Кој ќе работи без пари? Мислам дека општина Струга има пари.

Ова се случува непосредно пред стартот на новата туристичка сезона. Претседателот на сендикатот Борче Мижимакоски рече дека ќе штрајкуваат се додека не им бидат исплатени три заостанати плати од оваа година. За осум неисплатени плати работниците покренале и судски спор, кој го добиле но велат дека платите никаде ги нема.
Вработени во струшкото јавно комунално претпријатие.

Вработени во струшкото јавно комунално претпријатие.


„Основа за штрајкот се платите, плавите картони,систематизацијата да се корегира во однос на платите бидејки тие се намалени на голем дел од вработените од 2010 година. Каква е ситуацијата во комунално? Не издржлива е бидејки не може да се одржува хигиена, работниците се доведени во една лоша финансиска и социјална состојба“, вели Борче Мижимакоски претседател на сендикатот во Комунално.
Зад неработењето стојат 34 луѓе кои се изманипулирани.Тоа е една четвртина од фирмата. За успешен штрајк е потребна една половина. Сите политички партии да ги тргнат рацете од Комунално и да го остават претпријатието да живее.

Работниците се жалат дека поради немање на плави картони не можат да одат на лекар, а почнале да им ја исклучуваат и струјата.

„Има многу вработени кој се под кирија, струјата ни е исклучена, финансиски на нула сме. Без пари сме, на нула сме. Кој ќе работи без пари? Мислам дека општина Струга има пари“, вели еден вработен.

„Jас кога отидов во Управа да барам плави картони, директорот ми рече треба да одите кај синдикатот кај Борче да барате плави картони. Јас му објаснав дека Борче не е директор, ти си директор. Јас не можам дома немам пари леб да јадам ми ги задржаа на болница“, вели друг вработен.

Директорот Петко Кутановски вели дека причина за штрајкот не биле правата на работниците, туку дека зад него се криеле лични интереси на неколку поединци.

„Зад неработењето стојат 34 луѓе кои се изманипулирани.Тоа е една четвртина од фирмата. За успешен штрајк е потребна една половина. Сите политички партии да ги тргнат рацете од Комунално и да го остават претпријатието да живее“, вели Петко Кутановски директор на Комунално Струга.

Директорот Кутаноски уверува дека претпријатието функционира најнормално и оти нема да се дозволи градот да биде затрупан во ѓубре особено сега пред почетокот на сезоната.
XS
SM
MD
LG