Достапни линкови

Единаесетмина набљудувачи биле во нападнатиот конвој во Сирија


Шефот на набљудувачката мисија во Сирија, генералот Роберт Муд заедно со единаесетмина набљудувачи на Обединетите нации биле во конвојот кој избегна експлозија на бомба поставена покрај пат во Сирија денеска. Инцисдентот се случи во близина на градот Дара. Најмалку шест сиријски војници се повредени во експлозијата. Муд изјави дека инцидентот е „практичен пример за насилство кое не им е потребно на луѓето во Сирија“. Инаку, Обединетите нации овластија 300 набљудувачи во земјата од кои 70 се веќе пристигнати.
XS
SM
MD
LG