Достапни линкови

Попоски утре во посета на Луксембург


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски утре ќе има еднодневна посета на Луксембург, каде што ќе оствари прва билатерална средба со високи политички преставници. Попоски ќе има тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, како и со премиерот Жан-Клод Јункер. Според информациите од протоколот на македонското МНР, оваа државна посета е со цел да се разговара за тековните предизвици во делот на Европската унија, а мошне значајна е средбата на Попоски со премиерот Јункер, кој во исто време е и претседател на еврозоната, со оглед на тоа што на Самитот на еврогрупата закажан за 21 мај еврозоната се очекува да биде клучна тема.
XS
SM
MD
LG