Достапни линкови

Авионот „Сукои Суперџет“ исчезнал кај планински регион


Авионот Марка „Сукои Суперџет 100“ со 46 патници исчезнал во близина на планинскиот регион Бугур, јужно од Џакарта во 14 часот и 40 минути, јавуваат странските медиуми. Според информациите на „Би-Би-Си“, леталото добило инструкции да се спушти од 10,000 на 6,000 стапки кога се изгубил контактот со контролата на летање. Авионот од руска изработка бил на пробен лет и предвидено било да направи круг околу неколку азиски земји. Во патничкото летало имало доволно гориво за четири часовен лет, а се уште не се знае идентитетот на патниците, јавуваат медиумите, кои повикувајки се на извори од Џакарта велат дека лошото време ја отежнува потрагата. Индонезиските власти соопштија дека се уште не се знае дали се урнал авионот.
XS
SM
MD
LG