Достапни линкови

logo-print

Тенисерите залeпени за светското дно


Македонската тениска репрезентација и наредната година ќе се натпреварува во најслабата конкуренција на Девис купот.

Македонската тениска репрезентација и наредната година ќе се натпреварува во најслабата конкуренција на Девис купот. Ова е епилогот од минатонеделниот турнир во Софија, каде што, исто како и лани во Скопје, не успеавме да ја минеме последната пречка за пласман во Втората Евро - Африканска зона.
Главна причина е разликата во квалитетот. Бидејќи искуството од последните две години покажува дека сите репрезентации што се пласирале во повисок ранг имаат играчи на повисоко ниво. Мислам дека тој тренд ќе продолжи и понатаму и ако сакаме да се пласираме, нашите играчи ќе мора да достигнат повисоко ниво на индивидуален план и тоа подоцна да го искористиме во Девис куп репрезентацијата.

Овој пат, по победите над Ерменија и Црна Гора, во полуфиналето од четвртата по квалитет (Третата Европска) конкуренција, бевме поразени од домаќинот Бугарија. Тоа значи дека и во наредните 12 месеци ќе бидеме дел од светското тениско дно, за чие напуштање, според селекторот Дејан Маринковиќ, неопходен ни е поголем играчки квалитет во националниот тим.
Илустрација.

Илустрација.


„Главна причина е разликата во квалитетот. Бидејќи искуството од последните две години покажува дека сите репрезентации што се пласирале во повисок ранг имаат играчи на повисоко ниво. Мислам дека тој тренд ќе продолжи и понатаму и ако сакаме да се пласираме, нашите играчи ќе мора да достигнат повисоко ниво на индивидуален план и тоа подоцна да го искористиме во Девис куп репрезентацијата“, изјави Маринковиќ.

Тој, сепак, верува дека во блиска иднина, македонскиот тенис ќе тргне по нагорна линија. Адут за овој оптимизам му е пласманот во полуфиналето во Бугарија, и тоа без помошта на пензионираниот Лазар Магдинчев, додека Предраг Русевски, за последен пат, настапи само во игра на двојки.
Мојата идеја е на мое место да дојде некој од помладите. Предраг Русевски е моментално во Македонија и тој е првиот кандидат и моја желба е тој да ја преземе селекцијата, а јас секогаш ќе бидам тука.

Овој тандем беше најзаслужен за успесите од 2005-та година, кога од дното, за две сезони се позициониравме веднаш зад 16-те најдобри селекции во светот, односно во Првата Евро - Африканска зона, каде што се натпреварувавме до пред три години. Тој ранг сега е многу далечен, но радува настапот во Софија, каде што со првиот носител, 22 годишниот Томислав Јотовски...

„Оставивме позитивен впечаток. Постигнавме солиден успех, влеговме меѓу четирите најдобри репрезентации. Настапивме по низа години со младите играчи. Ја започнавме таа смена на генерации која веројатно ќе продолжи и следната година. Значи едно искуство повеќе за нашите натпреварувачи. Шендрит Деари се покажа во сосема солидно светло. Даниел Зеленков исто со 18 години сосема солидно ги одигра мечевите во двојки. Така да, впечатокот е позитивен“, додаде Маринковиќ, кој по 6 годишни подеми и падови со националниот тим реши да се повлече од неговото кормило.

„Мојата идеја е на мое место да дојде некој од помладите. Предраг Русевски е моментално во Македонија и тој е првиот кандидат и моја желба е тој да ја преземе селекцијата, а јас секогаш ќе бидам тука. И понатаму ќе работам за Федерацијата и секогаш ќе бидам тука за помош, како некоја логистика. Меѓутоа, мислам дека е време младите да преземат дел од товарот и со своето искуство и квалитет и тие да преземат одредени улоги во Федерацијата“, истакна на крајот Дејан Маринковиќ.
XS
SM
MD
LG