Достапни линкови

Сите повикуваат протестите да бидат мирни


Протест на Албанци во Скопје на 4 мај 2012 година.

Протест на Албанци во Скопје на 4 мај 2012 година.

Државата мора да покаже капацитет институционално да се справува со проблемите, рече претседателот Иванов во врска со најавените протести.

Во услови на демократија секој може јавно да ги искаже своите ставови, но тоа треба да биде во границите на јавната пристојност, изјави шефот на македонската држава Ѓорге Иванов коментирајќи ги најавите за нови протести на муслиманите и христијаните во земјава. Сепак, Иванов апелира дека последниот случај со убиството во Смиљковци е прашање кое треба да го решаваат надлежните органи.
Апелот е да секој го искаже својот став, меѓутоа прашања кои се од наш интерес, како држава мора да покажеме сериозност и дека како кандидат за Унијата, како кандидат за НАТО, мора да пројавиве капацитет институционално да се справуваме со ваквите проблеми, мора тоа на дело да го имаме.

„Апелот е да секој го искаже својот став, меѓутоа прашања кои се од наш интерес, како држава мора да покажеме сериозност и дека како кандидат за Унијата, како кандидат за НАТО, мора да пројавиве капацитет институционално да се справуваме со ваквите проблеми, мора тоа на дело да го имаме“, рече претседателот Иванов.

Најавите за нови протести на муслиманите во петок и христијаните во сабота, меѓународните претставници во земјата засега не ги коментираат. Од Американската амбасада велат дека најавените протести по социјалните мрежи се се уште во доменот на шпекулациите па затоа упатуваат на соопштението од 2 мај во кое меѓудругото се вели:
Ние како партија сметаме дека правото на протест е легитимно меѓутоа СДСМ остро се спротивставува на секој обид за насилни протести.

„Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и, како и досега, ги повикуваме сите граѓани да останат смирени и да дозволат одвивање на правната процедура. Важно е сите осомничени за ужасните убиства - без разлика на нивниот идентитет, етничка или верска припадност - да добијат правилен процес во рамките на законот за да може на крајот правдата да биде задоволена.“

И политичките партии посочуваат дека протестите се демократско право во секоја земја. Најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз, го повторува ставот дека им дава целосна поддршка на безбедносните служби за откривање на вистинските сторители на убиствата кај Смилковци. Во однос на најавените протести, генералниот секретар на оваа партија, Андреј Петров вели:
Самиот чин што има протести и од муслиманите и од христијаните покажува дека народот има гнев и народот бара правда.

„Ние како партија сметаме дека правото на протест е легитимно меѓутоа СДСМ остро се спротивставува на секој обид за насилни протести.“

Од Демократската партија на Албанците велат дека протестите не се ништо друго освен израз на незадоволство од актуелната власт.

„Протестите како протести се демократско право на секој граѓанин. Самиот чин што има протести и од муслиманите и од христијаните покажува дека народот има гнев и народот бара правда“, изјави Зиадин Села од ДПА.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера изјави дека МВР ги следи преписките на социјалните мрежи каде што се најавуваат протестите впо Скопје, Кичево, Дебар, Струга, Гостивар и Куманово.

„Се разбира дека мора да бидеме свесни и будни за потенцијалните ризици, меѓутоа ништо не смее да го наруши спокојот и мирното живеење на граѓаните во Република Македонија, без оглед на која етничка заедница припаѓаат, без оглед на нивната верска или каква било друга определба“, изјави Јанкулоска.

Инаку минатата недела во главниот град се одржаа протести на околу илијада луѓе, претежно млади Албанци кои протестираа поради апсењата поврзани со петкратното убиство кај Смиљковци. Демонстрантите се сомневаат дека уапсените се вистинските виновници за убиството. Протестите кои беа организарани преку социјалните мрежи, а под мотот Стоп за монтираните случаи, поминаа без инциденти.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG