Достапни линкови

Тадиќ доби поддршка од Социјалистичката партија


Српската Социјалистичка партија, со која своевремено раководеше Слободан Милошевиќ, се согласи да ја поддржи кандидатурата на Борис Тадиќ во вториот круг од претседателските избори, закажани на 20 мај. Во соопштението на Демократската партија на Тадиќ се наведува дека Демократите и Социјалистите се согласиле повторно да ја оживеат коалицијата. Потегот може да и го спречи влезот во владата на десничарската Прогресивна партија. Тадиќ во првиот круг гласање освои 27 проценти додека неговиот противкандидат од Прогресивната партија Томас Николиќ собра 25,5 отсто од гласовите.
XS
SM
MD
LG