Достапни линкови

Ирационални протести на сопствена штета


Протести во Скопје по петкратното убиство во Смиљковци, 16 април 2012.

Протести во Скопје по петкратното убиство во Смиљковци, 16 април 2012.

Протестите на религиозна и етничка основа се ирационални, непродуктивни и не удираат во сржта на проблемот, односно во државните институции и политичко правниот апарат. Ова е став на анализите на македонци и албанци кои сметаат и дека зад наводно „народот“, е политичка манипулација на штета на државата и на истиот тој народ.

Протестите и контра-протестите повторно се враќаат на сцена. Оние во петок на Албанците и тие во сабота на Македонците не и носат ништо добро на Македонија. Демократско право на секој граѓанин е да го искаже своето незадоволство преку протест и тоа не треба да му се ускратува, но протестите во последно време на една група на граѓани против друга, не водат кон ништо и не се продуктивни, велат аналитичарите со кои ние зборувавме.
Таквите протести во моментот се непотребни, а од друга страна не го адресираат реалниот проблем, не го адресираат проблемот на нефункционирање на државните институции.

Случајот „Сопот“, потоа „Раштански лозија“, што потоа се испостави дека се инструирани од државата им даваат за право на луѓето да мислат дека токму тоа ќе се слуи и сега, па затоа го искажуваат незадоволство, вели аналитичарот Артан Садику.

„Јас не ги поддржувам протестите кои се поддржани од една или друга религиозна, национална било каква идеологија. Таквите протести во моментот се непотребни, а од друга страна не го адресираат реалниот проблем, не го адресираат проблемот на нефункционирање на државните институции, нефункционирање на политичко- правниот апарат.“
Протести на Албанците. 04 мај 2012.

Протести на Албанците. 04 мај 2012.


Со протестите се оттргнува вниманието од она што не очекува, како Самитот на НАТО, потоа сето она што се случува во соседството после изборите и сето тоа влева страв во државата, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.
Ова е предизборна година и сега се собираат и политички поени и преку вакви ситни протести. Кој ги прави тие? Пак се тоа смислени сценарија на државата, не можат тука така да се соберат по социјални мрежи и да се организираат.

„Ова е предизборна година и сега се собираат и политички поени и преку вакви ситни протести. Ова не се протести кои би можеле да променат било што, туку се како да се случува нешто во државата. Кој ги прави тие? Пак се тоа смислени сценарија на државата, не можат тука така да се соберат по социјални мрежи и да се организираат.“

Овие протести зад кои официјално не стои никој, односно не се наведува кој е организатор, туку се вели дека зад нив стои народот можат да предизвикаат ирационални реакации, вели Башким Бакиу од Институтот за истражување на политики и добро владеење.

„Всушност на ниту еден не му одговара оваа ситуација, бидејќи лесно може да излезе надвор од контрола.“

Протестите не одат во прилог на меѓуетничките односи, вака само се одалечуваат луѓето едни од други, заклучуваат аналитичарите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG