Достапни линкови

logo-print

Грците тешко да формират влада


Во Грција неуспех во напорите да се состави нова влада по неделните избори. Мандатот е сега во рацете на лидерот на радикалната левица СИРИЗА, Алексис Ципрас. Но, поради неговиот негативен став кон пакетот мерки на штедење тешко дека и тој ќе успее. Неизвесноста во Грција и неиспехот на про-европските партии има негативен одраз и врз еврото и кризата во еврозоната.

Лидерот на грчката партија Нова демократија Андонис Самарас категорично го отфрли условот за состав на коалициската влада на Грција, поставен од лидерот на радикалната левица СИРИЗА, Алексис Ципрас. Лидерот на СИРИЗА, имено, побара од Самарас да ги повлече преземените ангажмани со ЕУ и ММФ за штедење во замена за кредитите.
Алексис Ципрас

Алексис Ципрас


„Земјата не може да си игра со оган. Ние сме подготвени да толерираме и малцинска влада во која нема да партиципираме, секако доколку таа остане во рамките на еврото. Но, господин Ципрас прави се за да не биде формирана таква влада. Ние ја почитуваме волјата на граѓаните и не сакаме нови избори. Но, според изјавите на господин Ципрас, сфаќаме дека тој нема интерес да ги гарантира европските вредности и перспективи.“
Сега не е време за поделби на нацијата во име на партиски интереси. Ги повикувам сите грчки граѓани да поддржат влада на национално единство во која ќе бидат силите кои се залагаат Грција да остане во Европа и со еврото.

Како и да е, Ципрас доби мандат од претседателот Каролос Папуљас за состав на коалициска влада, откако лидерот на Нова демократија Самарас не успеа да формира Кабинет. Ципрас изјави дека посветеноста на Грција на програмата за штедење повеќе не е важна, бидејќи таа беше отфрлена од гласачите. Тој му го постави истиот услов и на лидерот на социјалистите Евангелос Венизелос, кој, пак, слично како и Самарас изјави:

„Сега не е време за поделби на нацијата во име на партиски интереси. Ги повикувам сите грчки граѓани да поддржат влада на национално единство во која ќе бидат силите кои се залагаат Грција да остане во Европа и со еврото.“
Венизелос и Самарас

Венизелос и Самарас


Резултатите од изборите одржани во неделата покажаа дека ниту една партија не освои доволен број гласови за сама да формира влада. Тоа отвори нови прашања за опстанокот на Грција во еврозоната.

Грција идниот месец треба да усвои нови мерки за штедење во висина од една милијарда евра со цел да добие нова транша помош.

Доколку Ципрас во следните три дена не успее да формира влада, мандатот ќе му биде предаден на лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос. Во случај никој да не успее да формира влада, претседателот Каролос Папуљас ќе одржи заеднички состанок и ќе ги повика на формирање влада на национално единство. Во случај да пропадне и тој последен обид тогаш Грција ја чекаат нови избори во јуни.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG