Достапни линкови

Парада во Москва по повод денот на победата над фашизмот


Во Русија и во другите поранешни советски републики денеска се одбележува 67 годишнината од крајот на Втората Светска Војна. Денеска на Црвениот плоштад во Москва беше одржана голема воена парада, која ја предводеше министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков. Рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и воени ветерани беа меѓу илјадниците посетители на парадата. Путин изјави дека стрикното придржување кон меѓународните норми и респектирањето на државниот суверенитет и волјата на секоја нација се клучни во избегнувањето на војните.
XS
SM
MD
LG