Достапни линкови

logo-print

Кинескиот дисидент Чен ќе студира во Њујорк ако властите му го вратат пасошот


Слепиот кинески дисидент Цен Гуангченг побара од властите во Кина да докажат дека не наредиле негово нелегално држење во домашен притвор. Чен беше 4 години во затвор поради критикувањето на кинеската популациона политика, а потоа уште две години во домашен притвор, без никакво објаснување. Чен денеска изјави дека бил известен од американски претставници дека документите за негово студирање во Њујорк се готови, но оти тој сеуште чека кинеските власти да му го вратат пасошот. Чен во минатиот месец на неколку дена се засолни во американската амбасада во Пекинг, а по договорот меѓу американски и кинески претставници беше пренесен во болница.
XS
SM
MD
LG