Достапни линкови

logo-print

Средба на Обама со Расмусен


Американскиот претседател Барак Обама и генералниот секретар на НАТО Андерес Фог Расмусен денеска ќе се сретнат во Белата Куќа во пресрет на НАТО самитот кој што треба да се оддржи месецов во Чикаго. Во соопштението од кабинетот на Расмусен е наведено дека покрај средбата со Обама, предвидено е денеска Расмусен да се сретне и со членовите на американскиот комитет за надворешни работи во Сенатот. Во соопштението од белата куќа е наведено дека Обама и Расмусен на средбата ќе разговараат за последите подготовки за самитот на 20- 21 мај. Се очекува Авганистан да биде на врвот на агендата , со што членовите на алијансата ќе ги договараат последните детали за повлекување на воените сили од земјата до крајот на 2014 година.
Околу 130 илјади страснки војници од земјите членки на НАТО заедно со 350 илјади припадници на авганистанските безбедносни сили се борат против Талибанците и милитантите од Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG