Достапни линкови

logo-print

Анан: Состојбата во Сирија загрижувачка


Специјалниот меѓународен пратеник од Обединетите Нации во Сирија Кофи Анан синоќа во Женева изјави дека светските сили се длабоко загрижени за насилството во Сиријаи дека ќе испратат околу 300 мировни набљудувачи до крајот на месецов. Анан истакна дека мисијата на ОН за надгледување на примирјето е единствената преостаната шанса за стабилизација на земјата. Тој додава дека постои сериозна загриженост оти во земјата би можело да завладee во целост граѓанска војна а последиците ќе ги почуствуваат во целиот регион.
XS
SM
MD
LG