Достапни линкови

Бунтовник отвори оган пред владината зграда во Триполи


Најмалку еден човек загина вчера а неколкумина се ранети во Триполи кога поранешен бунтовник отвори оган пред зградата каде што се наоѓа кабинетот на либискиот премиер. Сведоците и официјални владини преставници изјавија дека неколку борци дошле да протестираат пред резиденцијата на премиерот барајќи пари од владата при што протестите станале насилни. Премиерската канацеларија во изминативе денови често е цел на милитанти и бунтовници кои бараат бенефиции за улогота што ја одиграле во минатогодишните борби за симнување од власта на Моамер Гадафи.
Во Либија следниот месец ќе се оддржат првите слободни парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG