Достапни линкови

Судски процес против макроа на 13 годишни девојчиња во Британија


Девет мажи од пакистанска и авганисанска националност беа обвинети во судот во Ливерпол за наведување на 13 годишни девојчиња на сексуални односи, користејќи дрога и алкохол. Случајот предизвика расни тензии во Британија а на протести излезе екстремната десница. За време на судското сослушување 5 жртви сведочеа во судот тврдејќи дека биле силувани, тепани а понекогаш и принудувани да имаат односи во една вечер со 20 мажи. Муслиманските лидери во Британија ги осудија злосторствата и ја поздравија храброста на жртвите што излегоа да сведочат.
XS
SM
MD
LG