Достапни линкови

Берзата бележи пад поради состојбата во Грција


Вредноста на акциите на светските берзи бележи пад поради загриженоста за состојбата во Грција околу формирањето на нова влада. Дел од причини за загриженоста се изјавите на Алексис Ципрас кој побара од лидерите на Нова Демокартија и ПАСОК да не се почитува договорот со странските кредитори за штедење во замена за кредит.
Европските берзи вчера затворија со пониски индекси, лондонскиот индекс е намален за 1,8 отсто, германскиот за 1,9 додека францускиот за 2,8 отсто.
Њујоршкиот Даун Џонс при отварањето на берзата бележеше пад од 1 отсто.
Еврото изгуби од својата вредност во однос на доларот и падна на 1,3 долари за евро.
XS
SM
MD
LG