Достапни линкови

Папуљас врачи втор мандат за составување коалициска влада


Грчкиот претседател Каролос Папуљас денеска му врачи мандат на лидерот на втората партија која победи на парламентарните избори во неделата - Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА Алексис Ципрас, за да состави коалициска влада. Се очекува лидерот на левицата да се сретне со сите политички лидери, кои на изборите добија места во новиот Парламент со исклучок на неонацистичката Златна зора и да излезе со предлог од три точки, меѓу кои и постапување околу меморандумот потпишан со меѓународните кредитори за мерките за штедење, формирањето кабинет на левите сили и програма за преструктуирање на земјата. Ако мандатот на Алексис Ципрас се покаже неуспешен, откако лидерот на првата на изборите политичка сила Нова демократија не успеа да постигне договор за коалициска Влада, иницијативата за Кабинетот ќе биде доверена на претседателот на третата партија ПАСОК Евангелос Венизелос.
XS
SM
MD
LG