Достапни линкови

Странски инспектор загина во сообраќајка во Иран


Јужнокорејски инспектор од Меѓународната агенција за атомска енергија загинал во сообраќајка во Иран, јавија тамошните медиуми. Неговиот колега од Словачка е повреден во инцидентот кој се случил во близина на нуклеарен рекатор во земјата. Иранските државни медиуми го идентификуваа загинатиот инспектор како Сео Ок Сеок. Во изјава на Иранската агенција за атомска енергија се наведува дека двајцата експерти „биле во близина на комплексот Кандав во провинцијата Маркази кога се случила несреќата“. Во дописот се додава и дека „автомобилот излетал од колосек и се превртел“.
XS
SM
MD
LG