Достапни линкови

logo-print

Не може да се очекува покана од НАТО за Македонија во Чикаго?


САД и сите сојузници активно работат на изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името кое е пречка Македонија да добие покана за членство во НАТО, но не може да се очекува дека тоа ќе се постигне до Самитот во Чикаго, изјави Иво Далдер постојаниот претставник на САД во НАТО. „Македонија која е силен сојузник во мисијата ИСАФ во Авганистан ќе присуствува во Чикаго и ќе имаме можност да го потврдиме придонесот што таа го дава. Да потсетам на Самитот од Букурешт, НАТО членките донесоа одлука да и упатат покана на Македонија за членство во Алијансата веднаш штом се постигне заемно прифатливо решение за името“ рече амбасадорот и дополни: „Сепак, не може да се очекува дека тоа ќе се случи на овој Самит со оглед дека до него преостануваат уште две недели“.
XS
SM
MD
LG