Достапни линкови

Уапсени двајца осомничени за шпионажа во Авганистан


Авганистанските власти уапсиле двајца осомничени за шпионажа за Иран и организација на терористички напади во Авганистан. Авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа доби видео касета од неидентификуван разузнавач на која се евидентирани изјавите на двајцата затвореници. Тие велат дека биле обучени од иранската Револуционерна гарда и биле испратени во Авганистан да извршуваат напади и да собираат информации.
XS
SM
MD
LG