Достапни линкови

logo-print

Попоски - Ситуацијата во Грција не ни е од полза


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Компликуваната политичка ситуација во Грција не може да ни биде од корист, зашто спорот за името нема да им биде во преден план, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Не е важно кој ќе формира влада во Грција, за Македонија е важно таа да биде посветена на надминување на спорот за името, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со новинари.
Од наш аспект е добро да има влада која е искрено посветена на надминување на билатералниот проблем кој ни го има наметнато Република Грција.

„Ние со Грција долг период го имаме проблемот. Сме се соочиле и со десна и со лева влада и не сме успеле да го надминеме проблемот. Од наш аспект е добро да има влада која е искрено посветена на надминување на билатералниот проблем кој ни го има наметнато Република Грција.“

Во однос на тоа дали македонската страна би ја искористила политичката состојба во Грција да побара од меѓународниот фактор да ја притисне за Македонија да добие членство во НАТО и да почне преговори со ЕУ, министерот Попоски вели дека прашањето за името не е тоа што ќе го вклучи алармот кај меѓународниот фактор.
Многу позагрижувачи е ефектот кој би го имала ваквата компликувана ситуација по изборите во Грција во поглед на преземените обврски. Ние не би биле во преден план, но тоа во никој случај не би можело да биде корисно за нас.

„Многу позагрижувачи е ефектот кој би го имала ваквата компликувана ситуација по изборите во Грција во поглед на преземените обврски. Ние не би биле во преден план, но тоа во никој случај не би можело да биде корисно за нас, таквата продолжена ситуација во Грција, бидејќи би значело дополнителна дефокусираност и отсуство на мотив за зголемен ангажман за решавање на спорот.“

Министерот Попоски ги оцени како непродуктивни настани протестите одржани пред македонските амбасади во Тирана и Софија. Тој смета дека регионот треба да испраќа сигнали за добра прекугранична соработка, а протестите нема да ги потикнат добрососедските односи.

„Не мислам дека тие настани се настани на кои би требало да им даваме особено значење“, рече Попоски.

Пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго, Попоски повтори дека фокусот ќе биде на Авганистан, а не на проширувањето. Според министерот, за Македонија најсилен аргумент ќе биде нејзиното учество во мисијата ИСАФ.

„Добро е што членството на Македонија во Алијансата не е врзано за Самит, туку може да се случи на кој било состанок на Северноатлантскиот пакт“, рече Попоски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG