Достапни линкови

Тимошенко повторно одбила медицински третман


Затворските служби велат дека екс-премиерот и лидер на опозицијата во Украина Јулија Тимошенко одбива медицински третман и не сака да оди во локална болница. Забелешките следат по пристигнувањето на германскиот медицински специјалист Луц Хармс во Каркив, каде треба да ја прегледа Тимошенко. Екс – премиерот се согласи да биде прегледана под надзор на странски доктори, откако и беше одбиено барањето да се лечи во странство. Според новинската агенција Интерфакс, Тимошенко не одбивала медицински преглед туку сакала претходно да се консултира со нејзините адвокати.
XS
SM
MD
LG