Достапни линкови

Најавена истрага за истепаниот таџикистански новинар


Властите во Таџикистан најавија истрага во случајот со истепаниот таџикистански новинар и активист Далер Шарифов, водител на популарна дебатна ТВ програма на државната телевизија. Пријател на новинарот кој инсистираше на анонимност за таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа изјави дека двајца непознати напаѓачи го истепале Шарифов, кој е основач на опозициското движење „Чекор по чекор“.
XS
SM
MD
LG