Достапни линкови

logo-print

Грција продава записи вредни 1,3 милијарди евра


Грција понуди на продажба државни обврзници со рок на доспевање од шест месeци со вкупна вредност од 1,3 милијарди евра, соопшти грчката Агенција за управување со држaвниот долг. Камaтата на овие обврзници изнесува 4,69 отсто, што е нешто повеќе од претходната продажба на шестмесeчните хартии од вредност кои беа со каматна стапка од 4,55 проценти. Во текот март овие обврзници беа со каматна стапка од 4,8 отсто, а во декември минатата годинa со рекордни 4,95 проценти. Причина за растот на каматната стапка во однос на претходното тргување се должи на несигурната политичка состојба во Грција по неделните парламентaрни избори.
XS
SM
MD
LG