Достапни линкови

Човештвото ќе се соочи со климатски промени и забавена економија


Во наредните 40 години светот ќе се соочи со последици од климатските промени и од глобалното економско забавување. Ова се наведува во најновиот извештај на Римскиот клуб, меѓународна организација која ги анализира проблемите со кои ќе се соочи човештвото во иднина. Во извештајот со наслов ,,2052: Глобална прогноза за наредните 40 години,, се предупредува дека најголема закана е покачувањето на нивото на штетните гасови. Исто така се предвидува дека американската економија ќе стагнира и оти најверојатно ќе има секундарна улога зад Кина која, како што се наведува, ќе стане ,,водечка сила на Планетата,,.
XS
SM
MD
LG