Достапни линкови

Убиени петмина курдски бунтовници


Турската државна новинска агенција Анадолија јави дека во денешните борби со турските безбедносни сили биле убиени петмина курдски бунтовници, меѓу кои и две жени. Агенцијата прецизира дека тие биле милитанти на Кудистанската работничка партија која е на американската листа на терористички организации и која од 1984 година се бори за поголема автономија во југоисточниот дел на Турција.
XS
SM
MD
LG