Достапни линкови

ЦИА: осутен план за уривање американски авион


Белата Куќа потврди дека ЦИА осуетила план на јеменскиот огранок на Ал Каеда да урне авион кој летал за Соединетите држави. Тоа требало да се случи на втори мај, на првата годишнина од убиството на нивниот лидер Осама Бин Ладен. Се наведува дека пронајдениот експлозив бил сличен на бомбата која била користена во таканаречената божиќна завера во 2009 година. Тогаш еден нигериец во долниот веш имал скриено пластичен експлозив кој не успеал да се активира во авион кој летал за Детроит.
XS
SM
MD
LG