Достапни линкови

СЕЕМО со осуда до грчката ултрадесница


Николаос Михалолиакос

Николаос Михалолиакос

Организацијата за медиуми на југоисточна Европа изрази загриженост поради најновите притисоци и закани до медиумите од страна на грчката ултрадесничарска партија Златна зора која на неделните избори освои 21 пратеничко место во парламентот. На првата прес конференција по изборите, припадници на Златна зора барале од новинарите да станат во знак на почит лидерот на партијата Николаос Михалолиакос. Кога некои новинари тоа го одбиле, биле исфрлени од салата. СЕЕМО се надева дека лидерите на Златна зора ќе ги почитуваат демократските принципи.
XS
SM
MD
LG