Достапни линкови

logo-print

Виктор Понтa - нов премиер на Романија


Лидерот на Социјалдемократската партија на Романија и нов премиер Виктор Понта.

Лидерот на Социјалдемократската партија на Романија и нов премиер Виктор Понта.

Романскиот Парламент синоќа ја изгласа владата на Виктор Понта, составена од опозиција и независни пратеници. За новата влада гласале 284 сенатори и пратеници, а против биле 92. За изгласување на влада потребни се 231 глас.

Демократско либералната партија која досега беше на власт, започна да ја губи довербата на граѓаните откако донесе драстични мерки за штедење, што доведе до големи протести. Претседателот Трајан Басеску ја распушти владата на Емил Бок, а потоа, на 6 февруари назначи нов мандатар за составување на влада, но и тоа се покажа како неуспешен потег, бидејќи се губеше довербата во власта и на крај победи опозицијата.
XS
SM
MD
LG