Достапни линкови

Карзаи - Цивилните жртви го нарушуваат партнерството со САД


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги предупреди командантот на НАТО и американскиот амбасадор во земјата дека цивилни жртви во воени операции се закана за стратешкиот пакт потпишан со САД. Во соопштението од канцеларијата на Карзаи се наведува дека десетици цивили била убиени во неколку провинции во земјата од 5 мај наваму како резултат на воздушните напади на НАТО.

„Договорот за стратешко партнерство што го потпишав со американскиот претседател Барак Обама минатата недела ќе го изгуби своето значење, ако Авганистанците не се чувствуваат безбедно“, пишува Карзаи.

Портпаролот на НАТО Џон Ален вети дека целосно ќе ги испитаат инцидентите за кои Карзаи пишува во соопштението.
XS
SM
MD
LG