Достапни линкови

Ал Џазеира го затвора дописничкото биро во Пекинг


Програмата на англиски јазик на арапската телевизија Ал Џазеира соопшти дека го затвора бирото во Пекинг, зашто кинеските власти одбиле да ја продолжат прес-акредитацијата и визата на дописникот на телевизијата. Протерувањето на Мелиса Чан е прво исфрлање на странски дописник од Кина од 1998 година. Таа е дописник на Ал Џазеира од Кина од 2007 година. Телевизијата најави дека ќе продолжи да бара од кинеските власти да обезбедат соодветни дозволи за нивните дописници да може да известуваат од земјата.
XS
SM
MD
LG