Достапни линкови

Обама му се заблагодари на досегашната соработка на Саркози


Архивска фотографија: Претседателот во заминување на Франција Николас Саркози и американскиот претседател Барак Обама.

Архивска фотографија: Претседателот во заминување на Франција Николас Саркози и американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама му се заблагодарил на францускиот претседател во заминување Николас Саркози за неговото цврсто водство, за неговото пријателство и партнерство во времињата полни со предизвици, се невадува во соопштението на Белата куќа. Во него се наведува дека Обама „изразил благодарност за ценетата соработка која го карактеризира односот меѓу двајцата лидери од јануари 2009 година“.

Саркози во неделата изгуби на претседателските избори од кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд.
XS
SM
MD
LG