Достапни линкови

Белата куќа нема да преговара со Ал-Каеда


Белата куќа нема да преговара со Ал-Каеда и покрај очајната молба до претседателот Обама од страна на еден американски работник кого го држи како заложник милитантна група во Пакистан.

Во видео објавено во неделата од страна на групата, 70-годишниот Ворен Вајнштајн, кој беше киднапиран во Лахоре минатата година, апелираше до Обама да ги прифати барањата на муџахедините.

„Мојот живот е во твои раце, г-дин Претседател. Ако ги прифаќате барањата јас ќе живеам, ако не тогаш ќе умрам“, вели Вајнштајн на снимката.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карнеј повика на итно ослободување на Вајнштајн, но притоа рече дека не можат и нема да преговараат со Ал-Каеда.
XS
SM
MD
LG