Достапни линкови

Красниќи - Македонија и Србија да внимаваат со Албанците


Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи.

Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи.

Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи, во изјава дадена за весникот Експрес, побара од сите Албанци на Балканот да дадат заеднички политички одговор на последните апсења на Албанците во Македонија и во Србија.

Красниќи упати апел до двете соседни земји да внимаваат со Албанците, бидејќи нивната позиција не е иста како што била во изминатите векови. Според него, некои народи не може да се помират со напредокот на позицијата на Албанците и го држат регионот под тензии.

Неговата изјава доаѓа на само неколку дена откако српската полиција уапси осум Албанци во Бујановац, под обвинение за воени злосторства што ги извршиле во 2001 година, како и на неколку дена откако во Македонија беа уапсени 20 Албанци под обвинение за тероризам, наведува Експрес.
XS
SM
MD
LG