Достапни линкови

Самарас се откажа од формирање влада


Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Андонис Самарас.

Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Андонис Самарас.

Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Андонис Самарас, синоќа му го врати мандатот за формирање нова влада на грчкиот претседател Каролос Папуљас.

Самарас, кој од Папуљас вчера попладне доби мандат за формирање на влада, изјави дека се решил на ваков потег бидејќи не е во можност да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање владина коалиција. Самарас, чија конзервативната партија Нова демократија победи на парламентраните избори во Грција, беше првиот партиски лидер кому Папуљас му довери мандат за формирање нова влада.

За денеска е најавена средба на Папуљас со лидерот на второпласираната партија на изборите, Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА), Алексис Ципрас, на која се очекува да му даде мандат за формирање влада. Доколку во рок од три дена Ципрас не формира влада, мандат за нејзино формирање ќе добие првиот човек на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), Евангелос Венизелос.

Крајниот рок за формирање нова влада е 17 мај.
XS
SM
MD
LG