Достапни линкови

Немирни избори во Сирија


Сиријската обсерваторија за човекови права соопшти дека припадници на сиријскиот режим убиле седуммина цивили на повеќе локации низ земјата денеска. Соопштението на организацијата базирана во Британија се објавува додека во Сирија се одржуваат парламентарни избори. Станува збор за први повеќепартиски избори во земјата по иницијатива на власта на чело со претседателот Башар Ал Асад. Гласањето претставува дел од компромис за охрабрување на процесот на политички реформи. Обединетите нации проценуваат дека во немирите во земјата, кои настанаа поради барањата за реформи, загинале повеќе од 9,000 лица во изминативе 14 месеци.
XS
SM
MD
LG