Достапни линкови

Тројца војници на НАТО загинаа во Авганистан


Командата на НАТО во Авганистан соопшти дека тројца припадници на алијансата загинале во експлозија на импровизирана бомба во источниот дел на земјата. Во соопштението од ИСАФ не се наведува каде се случил нападот нити пак се споменува националноста на загинатите војници. Заклучно со овој инцидент, бројот на загинати војници на ИСАФ во Авганистан е 142. Инаку, авганистанската влада ја критикуваше талибанската најва за пролетна офанзива, нарекувајки ја неисламска и кукавичка.
XS
SM
MD
LG