Достапни линкови

Протести на азербејџанската опозиција


Азербејџанските опозициски партии одржаа непријавен протест преку кој бараат дозвола од власта за одржување на јавни собири во главниот град на земјата. Околу 100 активисти организирани во група наречена „Јавна Комора“ се собраа пред канцеларијата на градоначалникот на Баку и бараа негова оставка. Јавната комора најави протести за време на одржувањето на изборот на песна на Евровизија, кој почнува на 22 мај. Целта е привлекување на вниманието на меѓународната заедница за состојбата со човековите права во Азербејџан.
XS
SM
MD
LG