Достапни линкови

Пронајденото оружје не се користело во петкратното убиство


Вештачењата потврдија дека со пронајденото оружје во претресите не било извршено петкратното убиство кај Смиљковското езеро, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. „Но, имаме доволно материјални докази за кои и обвинителот потврди дека се квалитетни врз основа на кои може да се формира обвинителен акт и врз основа на кои осомничените ги товариме за кривично дело ’тероризам,“ дополни Јанкулоска. Потенцирајќи дека судот е тој што треба да ги цени доказите, а не јавноста и поединците, таа повика да се остави простор без притисоци судот да ги разгледа понудените докази од МВР и да одлучи во однос на конкретната пријава.
XS
SM
MD
LG