Достапни линкови

Новиот бран ќе смени 11 директори во 10 општини


Нови кандидати ќе се бараат за пополнување на 11 директорски раководни места во десетте општини: Неготино, Виница, Кочани, Валандово, Богданци, Демир Капија, Берово, Вевчани, Кичево и Македонска Каменица во рамките на новиот бран во владеачката партија. Од ВМРО – ДПМНЕ информираат дека активностите за освежување на функциите, како и за ротации за засилување на капацитетите и на други институции ќе продолжат и понатаму, и на локално ниво и на ниво на органи на централна власт и нејзини подрачни единици. од партијата велат дека го почитуваат досегашниот ангажман на директорите и нивниот придонес во реализацијата на програмата.
XS
SM
MD
LG