Достапни линкови

ЕУ ги поздрави мирните избори во Србија


Европската унија ги честиташе „слободните и мирни парламентарни и претседателски избори во Србија“. Портпарол на шефот за надворешна политика на унијата Кетрин Ештон испрати честитки и до ОБСЕ за помагање на изборниот процес во областите со мнозинство српско население во Косово. Во вториот круг гласање за претседателските избори, кој ќе се одржи на 20 мај, се влезени актуелниот претседател на Србија Борис Тадиќ и неговиот противкандидат Томислав Николиќ.
XS
SM
MD
LG