Достапни линкови

logo-print

Филе задоволен од постигнатото во дијалогот на високо ниво


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изрази задоволство од постигнатото од март досега и рече дека тоа ќе влијае на извештајот на ЕК кој ќе биде објавен наесен.

Комисијата јасно стои зад препораката за пристапните преговори со Македонија и работиме на тоа, а нашата цел не е нејзино одложување, туку нејзино претворање во реалност. Сите преговори со земјите аспиранти се засноваат на заслуги и тешко може да се направи споредба меѓу една и друга земја кандидат, изјави еврокомесарот Филе по денешната средба со премиерот Груевски како втора од дијалогот на високо ниво кој треба да заврши со уште една средба во септември.
Заклучоците од тој состанок дирекно ќе се одразат врз октомврискиот Извештај за напредокот којшто е подготвен од страна на земјите членки, што, пак, ќе овоможи за земјите членки во декември да донесат нивна одлука во врска со пристапувањето.

Филе, задоволен од она што е постигнато од март досега, образложи дека постигнатото ќе влијае на извештајот на ЕК кој ќе биде објавен наесен.
Архивска фотографија: Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.

Архивска фотографија: Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.


„Тогаш заклучоците од тој состанок дирекно ќе се одразат врз октомврискиот Извештај за напредокот којшто е подготвен од страна на земјите членки, што, пак, ќе овоможи за земјите членки во декември да донесат нивна одлука во врска со пристапувањето.“
По завршувањето на изборите во Грција и по формирањето на влада, очекувам дека новата влада ќе има желба и волја за решавање и надминување на ова прашање. Ние сме подготвени да се најде решение, ние сакаме да се најде решение.

Тоа што Македонија не ја доби поканата за НАТО и почеток на преговорите со ЕУ лежи во фактот што Грција се спротивставува на тоа. Ние и во минатото имавме сериозни обиди да изнајдеме решение за ова прашање и можам да кажам дека изминатава година имавме замрзнати разговори со нив поради состојбата во оваа земја, но се надеваме дека по завршувањето на изборите тие разговори ќе продолжат, изјави премиерот Груевски во врска со спорот за името.

„Она што сега можам да го кажам е дека по завршувањето на изборите во Грција и по формирањето на влада, очекувам дека новата влада ќе има желба и волја за решавање и надминување на ова прашање. Ние сме подготвени да се најде решение, ние сакаме да се најде решение. Дали ќе се најде ќе зависи во голема мера од тоа дали ќе има волја кај новата грчка влада за изнаоѓање решение“, рече Груевски.

Како што беше претходно најавено, еврокомесарот овојпат доаѓа со цел да ги провери резултатите од претходно договорениот акцискиот план кој беше детализиран во март. Овој план, кој требаше да биде преточен во оперативен план со детални ветувања од македонската влада кон средината на април, вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи го презентираше пред поратениците и пред јавноста неколку дена пред повторното доаѓање на Филе во Македонија. Акцискиот план кој го подготви Владата содржи 150 ветувања за кои се обврза дека делумно во јуни, а заклучно со септември ќе ги исполни.
XS
SM
MD
LG