Достапни линкови

Прва голема изложба на слики на Пикасо во Скопје


Цртежи на Пабло Пикасо во Светската галерија Остен.

Цртежи на Пабло Пикасо во Светската галерија Остен.

Утревечер во 20.20 часот, во Светската галерија, во рамките на одбележувањето на Денот на Европа, ќе биде отворена првата поголема изложба на Пикасо во Македонија. Ќе бидат изложени поголемиот дел од на дела од големиот шпански сликар што ги поседува „Остен“ во сопствената колекција.

40-тина дела од вкупно 66 што во својата колекција ги поседува „Остен“ ќе и бидат претставени на јавноста на првата поголема изложба на славниот Пабло Пикасо што ќе се одржи во Скопје. Во Галеријата ќе бидат изложени 8 цртежи и 9 керамики од познатите „син“ и „розов“ период и остатокот се графики претежно рачно потпишани од авторот од познатата збирка на Волар. Оваа несекојдневна постановка на која по прв пат се обелоденуваат детали за дел од творештвото на големиот мајстор кај нас се одржува во рамките на одбележувањето на Денот на Европа во Македонија.
Пикасо и неговата несомнена важност во светската уметност исто така е важен и за Остен затоа што е добитник на наградата Светско културно наследство на 38-та светска галерија на цртеж 2010. Од таму во суштина тоа е и мотивот и основата поради која што Остен треба да обезбеди онолку дела од добитникот на наградата колку што години има Остен.

Цртежи на Пабло Пикасо во Светската галерија Остен.

Цртежи на Пабло Пикасо во Светската галерија Остен.

„Оваа изложба е фактички продолжување на соработката со делегацијата на ЕУ и општина Центар од минатата година кога Остен изложи дел од својата колекција од светската галерија на цртеж. Оваа година ја продолжуваме соработката со поексклузивна изложба. Пикасо и неговата несомнена важност во светската уметност исто така е важен и за Остен затоа што е добитник на наградата Светско културно наследство на 38-та светска галерија на цртеж 2010. Од таму во суштина тоа е и мотивот и основата поради која што Остен треба да обезбеди онолку дела од добитникот на наградата колку што години има Остен“, вели извршната директорка на „Остен“ Корнелија Коневска.

Ова, како што забележува таа, наедно се совпаѓа и со новата стратегија за функционирање што подразбира засилени напори за подигање на нивото на Светската галерија на цртеж, приближување на обете силни манифестации до поширокиот круг љубители на уметноста и особена грижа за македонските автори и нивно промовирање во земјава и во светот.

„Остен стратешки почнува што повеќе да обрнува внимание на ширење во правец на уметноста, освен кај карикатурите каде што на некој начин е неприкосновен затоа што светската галерија на карикатури е многу добро познат бренд и престижна манифестација за многу карикатуристи во светот. Следиме македонски автори, ги поддржуваме.“

Инаку, 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа со голем хепенинг ќе биде прославен и во Градскиот парк. Во организација на Младинскиот културен центар од Скопје, од 19 часот, на популарното собиралиште „Школка“ е планирано да настапат младите алтернативни и авангардни претставници на модерниот звук - панк дружината ЏЕНЕРИС, фанкерите ФАНК ШУИ, кои штоттуку го објавија деби албумот „Етер“, надежното трио ЕГО ДИСКО и диџеј Кинџо.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG