Достапни линкови

Бензините поевтинуваат од полноќ


илустрација

илустрација

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари, а цената на дизелот и екстра леснoто масло останува непроменета. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 83,50 денари за литар, a Еуросупер БС-98 по 85,50 денари. Малопродажните цени на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, односно цената на Еуродизел изнесува 72,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 61,50 денари.
XS
SM
MD
LG